| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија шеста на СП во Алжир: Унгарија не порази со 22:26

Младите македоснки ракометари загубија од Унгарија со 22-26  во натпреварот за 5.место и го завршија настапот на Светското првенство (У21) во Алжир на шестата позиција што е најдобар пласман што е најдобар пласман во историјата на македонскиот ракомет на светските првенства.

Најефикасен во македонската репрезентација беше Марко Нелоски со шест гола, а по четири погодоци постигнаа Филип Кузмановски, Филип Талески и Марио Танковски.

Во натпреварот за 7.место Тунис ја победи Русија со 36-21. За бронзениот медал ќе играат Франција и Германија, а во големото финале за титулата светски младински првак ќе се борат селекциите на Данска и на Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top