Металург загуби од ППД Загреб 26-32 (12-13) во петтото коло во регионалната СЕХА лига. За играчите кои на овој меч од клупата ги предводеше Александар Јовиќ ова е трет пораз во СЕХА конкуренцијата.
Апсолутно израмнети беа двата тима во првото полувреме, во кое се играше гол за гол. Искуството на Загреб беше пресудно во второто полувреме, кога одбраната на Металург немаше решение за бековите Мандалиниќ и Вуглач.
Јагањац беше најефикасен кај Металург со седум голови, а по четири постигнаа Велковски и Анѓелиќ.
На спротивната страна се издвоија тројца играчи: Мандалиниќ постигна осум голови со само едно промашување од игра, Вуглач погоди седум пати, а Хорват постигна шест гола, со перфектна реализција на седмерците 5/5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.