| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Нема потреба Тачи да доаѓа во Белград

Во врска со најавите дека шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи кон крајот на месецов ќе престојува во Белград, денеска се огласи српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјавувајќи дека тој „нема потреба да доаѓа“.

Како што јави Танјуг, на покана на невладината организација „Амбасадори на мирот“, Тачи треба да учествува на собир на кој се поканети министрите за надворешни работи на четири балкански земји. ­

– Тој собир не го организира Владата на Србија. Јас не ни планирав да учествувам на собирот, така што не верувам дека е потребно Хашим Тачи да доаѓа во Белград, изјави Дачиќ на заедничката прес­конференција со неговиот колега од Замбија, Хaри Калаба, кој престојува во посета на Србија.

Дачиќ нагласи дека од медиумите дознал оти Тачи е поканет да допатува во Белград и дека за тоа никој не се консултурал од српските власти. ­

– Ја почитувам работата на разни институти, невладини организации и академии, но се што навлегува во државната политика на Србија не смее да се прави без консултации со Владата, додаде Дачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top