| четврток, 6 декември 2018 |

Ан­то­ни­ја Ри­стов­ска: Еле­ган­ци­ја­та е стил по кој ќе ве за­па­ме­тат

По­ве­ќе од два­е­сет го­ди­ни ател­је­то на ма­ке­дон­ска­та мод­на ди­зај­нер­ка Ан­то­ни­ја Ри­стов­ска е си­но­ним за еле­ган­ци­ја и за ед­но­став­ност.

Garden8

Но­ва­та ко­лек­ци­ја за про­лет/ле­то 2015 на­ре­че­на „Гар­ден“  е инс­пи­ри­ра­на од бес­пре­кор­на­та же­на, ко­ја знае да го обои жи­во­тот, же­на-кос­мо­по­лит. Ко­лек­ци­ја­та е прет­ста­ве­на пре­ку две по­тко­лек­ции кои се во сти­лот на 50-ти­те и на 70-ти­те го­ди­ни, во еле­гант­но-гла­му­ро­зен стил.

– Ед­на­та е ро­ман­тич­на во па­стел­ни то­но­ви, со ди­зајн инс­пи­ри­ран од пол­ско цве­ќе, рај­ска гра­ди­на и од пти­ци­те во про­лет, до­де­ка дру­га­та е со ге­о­ме­три­ски ди­зај­ни, кои во ком­би­на­ци­ја со го­ле­ми цвет­ни ком­по­зи­ции го отс­ли­ку­ва­ат ро­ман­тиз­мот на дви­же­ње­то арт ну­во. По­ве­ќе­то мо­де­ли се на­до­пол­не­ти со рач­но изра­бо­те­ни ап­ли­ка­ции и ве­зо­ви, со про­ле­тен мо­тив, во фор­ма на маг­но­лии, ла­сто­ви­ци… Кро­е­ви­те кои се за­ста­пе­ни се ре­екс­пре­си­ја на кро­е­ви пре­поз­нат­ли­ви за мод­на­та мар­ка, а при­ме­не­та е и тех­ни­ка­та му­лаж при соз­да­ва­ње­то на кре­а­ци­и­те. По­себ­на но­та на ко­лек­ци­ја­та ѝ да­ва­ат де­зе­ни­те на ма­те­ри­ја­ли­те, кои се единс­тве­ни и соз­да­де­ни за по­тре­би­те на ко­лек­ци­ја­та – ве­ли Ри­стов­ска.

Antonija Ristovska (2)

Неј­зи­но­то име и ател­је­то „Ан­то­ни­ја Ри­стов­ска“ се­ко­гаш би­ле пре­поз­нат­ли­ви по ко­ри­сте­ње­то ква­ли­тет­ни ма­те­ри­ја­ли. Овој пат за по­тре­би­те на ко­лек­ци­ја­та, за­ед­но со гра­фич­ки ди­зај­нер од Ита­ли­ја, се соз­да­де­ни уни­кат­ни де­зе­ни на ма­те­ри­ја­ли, кои се пе­ча­те­ни во Ита­ли­ја.

– Ди­зај­ни­те се во шест раз­лич­ни ва­ри­јан­ти и при­па­ѓа­ат на две­те по­тко­лек­ции. Си­те де­зе­ни се пе­ча­те­ни на при­род­на сви­ла и се со пот­пи­сот на Ан­то­ни­ја Ри­стов­ска. Ко­лек­ци­ја­та е прет­ста­ве­на пре­ку фо­то­се­си­ја ко­ја ја на­пра­вив­ме во комп­ле­ксот „Ве­ри­на“. Ло­ка­ци­ја­та со сво­јот ам­би­ент со­вр­ше­но се вкло­пи со то­а­ле­ти­те. За­штит­ни ли­ца на ко­лек­ци­ја­та се топ-мо­де­лот Ма­ја Ри­стев­ска и Ја­на Бур­че­ска. Фо­то­гра­фи­и­те ги на­пра­ви­ја Ани и Ди­ми, шмин­ка­та и фри­зу­ра­та се на Да­ни­ел Ни­ко­лов­ски, а цвет­ни­от аранж­ман е од ател­је „Плус“ – ве­ли Ри­стов­ска.

Garden12

Таа е ед­на од ре­тки­те чи­и­што кре­а­ции мо­же да се ку­пу­ва­ат и пре­ку ин­тер­нет. Та­кви­от на­чин на ку­пу­ва­ње од не­о­дам­на е при­су­тен ту­ка и мо­же да се ка­же де­ка за­се­га не е до­вол­но раз­ви­ен, но Ри­стов­ска ве­ли де­ка во по­че­то­кот по­ве­ќе ја во­де­ло тоа што та­ков тип про­дав­ни­ца ќе би­де из­лог на ател­је­то кон по­ши­ро­ка мод­на пуб­ли­ка, осо­бе­но што сѐ по­ве­ќе ин­фор­ма­ции се до­би­ва­ат пре­ку ин­тер­нет, па по це­на и да не­ма про­даж­ба.

Garden11

– Но, на мое за­до­волс­тво, има­ме. По­лес­но се про­да­ва­ат мод­ни до­да­то­ци, а за об­ле­ка­та не­кои кли­ен­тки ,отка­ко ќе си од­бе­рат пар­че, до­а­ѓа­ат кај нас да го про­ба­ат и ку­пат. Ги раз­би­рам це­лос­но би­деј­ќи, по­крај ди­зај­нот што прив­ле­ку­ва, об­ле­ка­та тре­ба и до­бро да стои на те­ло­то. Сè уште сме во по­че­ток со ра­бо­та­та на е-про­дав­ни­ца­та и со те­кот на вре­ме­то оче­ку­вам да има по­го­ле­ми ре­зул­та­ти. На­ско­ро ќе би­дат до­стап­ни и пар­чи­ња од но­ва­та ко­лек­ци­ја – ве­ли Ри­стов­ска.

Ка­ко сво­ја инс­пи­ра­ци­ја Ри­стов­ска се­ко­гаш ги истак­ну­ва­ла еле­ган­ци­ја­та и гла­му­рот. Ве­ли, еле­ган­ци­ја­та за неа зна­чи стил, уба­ви­на, ед­но­став­ност, кла­си­ка, со­фи­сти­ци­ра­ност, вкус, шарм, кул­ту­ра, ин­вен­тив­ност…

Garden5

За еле­ган­ци­ја­та би рек­ла де­ка не е стил по кој са­ка­те да ве за­бе­ле­жат, ту­ку стил по кој ќе ве за­па­ме­тат. Гла­му­рот по­драз­би­ра атра­ктив­ност, сјај, ро­ман­ти­ка, ма­ги­ја, ег­зо­ти­ка, не­што што же­на­та го но­си во се­бе и тоа ја пра­ви по­себ­на. Сти­лот на ател­је­то е та­ков да ја сле­ди же­на­та ко­ја е по­себ­на. Кли­ен­тки на ател­је­то се ток­му же­ни­те што се пре­поз­на­ва­ат во сти­лот и во ква­ли­те­тот што го има мо­е­то ател­је. А во те­кот на дол­го­го­диш­но­то ра­бо­те­ње во ател­је­то дош­ле и же­ни што има­ат уште по­пре­фи­нет и истен­чен вкус од мо­јот. Ток­му тие кли­ен­ти се пот­тик за на­та­мош­но стре­ме­ње кон со­вр­ше­но­то – ве­ли таа.

Кре­а­ци­и­те на Ан­то­ни­ја Ри­стов­ска ги од­би­ра­ат мно­гу поз­на­ти ма­ке­дон­ски да­ми, таа ве­ли де­ка се­ко­ја со­ра­бо­тка со да­ми­те од јав­ни­от жи­вот ѝ при­чи­ну­ва за­до­волс­тво.

 Garden3

– Имам со­ра­бо­ту­ва­но со мно­гу јав­ни лич­но­сти, од мо­де­ли, во­ди­тел­ки, пе­јач­ки… Би ги спом­на­ла до­бит­нич­ки­те на „Злат­на бу­ба­ма­ра“ за жи­вот­но де­ло – до­а­јен­ки­те Ве­ри­ца Ри­стев­ска, Зо­ри­ца Поп Пан­ко­ва и Да­ни­е­ла Пан­че­то­виќ. Со­ра­бо­ту­ва­ме и со мла­да­та та­лен­ти­ра­на ви­о­ли­нис­тка Ева Бо­го­ев­ска. Ма­ја Ри­стев­ска ја об­ле­ку­вав за „Вре­ме е за сре­ќа“, а за изг­ле­дот на Ја­на Бур­че­ска се гри­жам за фе­сти­ва­ли и важ­ни на­ста­пи. На мое за­до­волс­тво, ја при­фа­ти­ја по­ка­на­та да би­дат за­штит­ни ли­ца на ко­лек­ци­ја­та, ко­ја бе­ше ед­но за­бав­но искус­тво за си­те – ве­ли Ри­стов­ска.

 Пи­шу­ва: Maри­на Ко­стов­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top