| четврток, 6 декември 2018 |

Новата колекција на Росица Мршиќ е инспирирана од „Гавранот“ на Едгар Алан По

Инспирирана од поемата „Гавранот“ на Едгар Алан По, дизајнерката Росица Мршиќ ја создала новата колекција за есен-зима 2016/17, што ќе ја претстави денеска во своето студио. Новата “pret-a-porter”  вдишува романтика во современиот изглед на жената. Мршиќ во неа ја преведе женската нежност во црна палета, чисти кроеви дополнети со рафинирани слоеви и нагласени со длабоко розови детаљи. Во оваа колекција таа понуди нова силуета: чиста, едноставна и интригантна, женствена и со таинтствена романтика.  Таа употребува меки, текстурни и структурирани еколошки ткаенини и ги нагласува со рачно изработени детаљи. Крајниот ефект е игра помеѓу контрастите: екстравагантно и едноставно, темно и светло, романтично и графички прецизно.

rosica2

Линијата го носи потписот на дизајнерката на нов и сензуален начин.
Таа има предизвик постојано да развива нови начини на изразување и да истражува нови техники и гради различни силуети во секоја од новите колекции. Со нагласување на формата на телото дизајнерката изработи парчиња облека кои совршено прилегаат на женската фигура и се идеални за “day to evening” изглед.

rosica1b

rosica1a

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top