Новата колекција венчаници White Ivy 2018 е создадена со инспирација од тоа што идните невести најмногу го сакаат: софистицираност, гламур, единственост и доза на романтика. Инспирирана од винтиџ модата и посакуваниот ретро стил, во создавањето на новата колекција ја пренесов ретро нишката и и дадов младешки призвук и урбана нота. Раскошот од богати везови изработени од бисери, кристали и мониста на материјалите го будат чуството на единственост и гламур, а воедно богатите текстури и слоевитоста на материјалите и понатаму ја задржуваат леснотијата при носење на венчаницата.
Колекцијата ке биде претставена на Саемот за венчавки: „Реци да“, кој ке се одржи на 09.10. декември во Хотел Crowne Plaza во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.