| четврток, 6 декември 2018 |

Дали е време за дете или сте задоцниле?

Дојде време кога бременоста се планира речиси исто како и преселбата во друг стан или некоја друга обврска. Се чини дека децата порано се раѓаа како плод на љубовта, а денес тие се последица на отчукувањето на биолошкиот часовник, пишува „Жена“.

Според пописот од 2014 година во САД, речиси 50 проценти од жените на возраст меѓу 15 и 44 години никогаш не се реализирале како мајка, што е највисок процент некогаш забележан.

Пописните податоци, кои се поддржани од страна на Националниот центар за здравствена статистика, покажуваат дека бројот на жените кои станале мајки драстично опаѓа по 30-тата година, што е логично бидејќи со стареењето се намалува и веројатноста за бременост.

Според теоријата на уредничката на порталот „Мик“, Елизабет Планк, жените кои не се оствариле како мајки, го сториле тоа од рационални причини.

Планк вели дека економската ситуација придонела за намалување на бројот на жени кои го раѓаат деца, поради зголемување на трошоците за потребите на детето, но, тоа не е единствената причина.Според неа, жените не се решаваат на овој чекор бидејќи на тој начин се зголемуваат нивните обврски и должности. Самата работа на кариерата е доволно напорна, за врз неа да се додаде уште една огромна одговорност – грижа за детето да се изведе на вистинскиот пат.

– Жените се изборија за еднаквост, но многумина зажалија поради тоа. Не е лесно да се имаш две смени дневно, прва на работа и уште една дома – вели Планк.

Многу жени сакаат да се остварат како мајка, но исто така се свесни дека тоа не е лесна „работа“ и дека тоа е потребно многу жртвување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top