Регулаторното тело на ЕУ во консултација со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер одлучи да поднесе тужба против Гугл поради кршење на антимонополските закони на Унијата, пишува весникот „Волстрит џурнал“.
Оваа тужба може да доведе до парична казна од 6,6 милијарди долари.
Еврокомесарот за надгледување на проблемите на доверба, Маргарет Вестагер донесе одлука по консултациите со Јункер и денеска ќе ги информира останатите комесари на ЕУ.
Таа денеска заминува во САД и официјално ќе ги објави обвиненијата дека Гугл илегално го користел своето влијание и сила за да ги насочи интернет корисниците од конкурентите кон своите производи.
– Поднесувањето пријава би било многу лоша вест за Гугл. Тоа значи дека регулаторното тело на ЕУ не сака да го реши случајот, туку да се усвои одлуката, која може да доведе до парична казна и судски забрани, истакна професорот за меѓународен закон на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Јоанис Лијанос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.