Во Европскиот парламент во Брисел денеска продолжува дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, со посредство на европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит, а со цел ставање крај на политичката криза во Република Македонија.
Првата средба на претставници на двете партии се одржа, исто така, во Брисел на 30 март. Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ја сочинуваа Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, а на СДСМ, Радмила Шекеринска, Рената Треневска-Дескоска и Виктор Габер. Тие имаа одделни средби со тројката европратеници, а потоа и кус заеднички состанок.
Првата рунда од дијалогот, заврши без успех, но со договор разговорите да продолжат по велигденските празници. Според информациите од средбите, СДСМ останал на барањето за формирање преодна влада и за оставки на министри и раководни лица во Македонската-радио телевизија, како и на Јавниот обвинител. Тоа било отфрлено од „тројката” од ВМРО-ДПМНЕ.
Во заедничкото соопштение испратено од канцелариите на Вајгл, Кукан и Ховит, освен најава за нова средба по Велигден, не беа презентирани детали за содржината на разговорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)