| четврток, 6 декември 2018 |

Карвахал гризе во стилот на Суарез, Манџукиќ како на бојно поле (видео)

Одбранбениот играч на Реал Мадрид, Дани Карвахал избегна исклучување на дерби четвртфиналниот меч меѓу кралскиот клуб и Атлетико, откако со тупаница во градите го удри Мари Манџукиќ, а претходно веројатно и го гризна.

Од снимката не може точно да се утврди дали Карвахал го гризна за рака хрватскиот интернационалец, но јасно се гледа како потоа го удира в гради.

mandza

Манџукиќ имаше најмалку среќа во првиот чин на локалното мадридско дерби во Лигата на шампионите и мина како на бојно поле. Карвахал веројатно го гризна и потоа и го удри, а нешто подоцна Серхио Рамос во скок со лакт го раскрвави.

Дерби во кое немаше головови, но имаше многу набој и недозволени потези и удари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top