| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски погоди во вистински момент, Металург го победи Зомимак со 22-21

Пикерот на Металург, Жарко Пешевски е вистински јунак во редовите на македонскиот првак, а се неговиот гол на десетина секунди до крајот на мечот, скопјани го победија Зомимак со 22-21.

Дербито од ракометниот плејоф во македонскиот шампионат беше докрај неизвесно, а струмичани покажаа дека се достоен ривал. Зомимак водеше постојано во второто полувреме, а имаше предност од 21-19 на 7 минути до крај и потоа дојде до пад во играта во клучните моменти, што умешно го искористија шампи0ните од Автокоманда и со серија од 3-0 ги освоија бодовите.

Дарко Ѓукиќ беше најефикасен на мечот со 8 гола, а кај Зомимак поранешниот играч на Металург Пецаковски 7 пати стрелаше прецизно.

metalurg-5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top