Новак Ѓоковиќ рутиснки се пласира во третото коло на турнирот од мастерс- серијата во Монте Карло, а со него натаму патува и квинтетот од Франција.
Најдоброрангираниот светски тенисер за еден и пол час го победи Алберт Рамос од Шпанија со 6-1, 6-4 и очекувано продолжи натаму.
Публиката во Монте Карло се израдува дури на пет победи на домашните тенисери во денешната програма тениски мечеви. Почна лошо за Французите со пораз на Манарино од Гранолјер Пужол, а продолжи со победи на Монфис против Кузнецов, потоа и на Пуиле над Тим, на Шарди со Шварцман, на Цонга со Штруф и на Симон со Бајере.
Место во третата рунда на турнирот обезбедија и Монако и Робредо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



