| четврток, 6 декември 2018 |

Адутите на таткото Талант Дујшебаев посилни од тие на синот Алекс (видео)

Првата битка во Скопје во дербито во семејството Дујшебаев му припадна на поискусниот, на легенадата Талант Дујшебаев против синот Алекс. Кјелце предводен од Талант го победи Вардар на Алекс со 22-20.

ЕХФ ТВ сними интересен видеоматеријал соочувајќи ги двајцата ривали во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Јас имам освоено три титули во Лигата на шампионите“, вели легендарниот Талант Дујшебаев, ракометар што беше светска класа и сигурно во топ-10 играчи на сите времиња.

„Тоа не вреди многу во моментов. Јас бев МВП на младинското светско првенство за ракометари до 21 година“, возврати Алекс. Финишот од ТВ дуелот на двајцата членови на семејството Дујшебаев мина во размена на комплименти.

„Јас секогаш имам што да научам од мојот татко во ракометната игра. Ги почитувам неговите совети“, изјави бекот на Вардар.

Талант возврати „дека е среќен што неговиот син игра во тим каков што е Вардар и дека Алекс има врвни квалитети и мудри решенија во играта“.

Комплетниот ТВ мегдан во режија на ЕХФ можете да го погледнете овде.

aleks

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top