Во напади со автомобили-бомби во Багдад денеска загинаа најмалку осум лица, соопштија безбедносните и медицинските власти.
Во експлозијата на паркинг спроти болницата Јармук, во западниот дел на градот убиени се четири лица, а десет се ранети.
Во друга експлозија во станбен кварт во јужниот дел на градот, четири лица се убиени, а 13 се ранети.
Седум лица се убиени вчера во експлозија на автомобилбомба во Бајаи, кварт во западниот дел на градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.