| четврток, 6 декември 2018 |

Самсоненко: Посакувам еднакви правила за двете екипи во полуфиналето

По ждрепката за полуфиналните дуели во Лигата на шампионите во женска конкуренција во Будимпешта, во која македонскиот шампион ЖРК Вардар го доби Будуќност, сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко даде изјава на прес-конференција и мислење за добропознатиот противник.

gazda-samsonenko-1

– Немав некоја посебна желба пред жрепката. Не ни размислував кој тим би можел да ни се падне. Будуќност е секако силна екипа и можеби најтешкиот противник што можеше да го добиеме. Црногорскиот преставник ни е стар должник и од минатото полуфинале и од оваа сезона. Се надевам дека оваа година двата тима ќе ги добијат истите правила за игра, и дека може да бидеме рамноправен противник – беа првичните импресии на Самсоненко.

Слично размислување имаше и првиот човек на стручниот штаб Индира Кастратовиќ. Таа ја има истата констатација од минатата година за грубата игра на црногорките.

vardar-krim-5

– Тоа што го игравме минатата година во полуфиналето, не беше ракомет. Будуќност играше премногу грубо и тоа им беше дозоволено. Затоа оваа година ќе се подготвиме и на таквиот пристап на игра од противникот и ако треба ќе одговориме со иста мера – вели Кастратовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top