Грција не се подготвува за банкрот, а истото мислење го имаат и нејзините кредитори, изјавија грчки владини извори одговарајќи на написот во „Фајненшл тајмс“.
Британскиот весник вчера објави дека грчката влада се подготвува да прогласи банкрот на државниот долг доколку до крајот на април не успее да постигне договор со кредиторите.
Истите грчки извори истакнаа дека преговорите интензивно продолжуваат со цел да се најде заемно прифатливо решение и нагласија дека ќе се докаже дека „24 април ќе биде уште еден датум на кој нема да се случи крајот на светот“, јави дописникот на МИА од Атина.
– Она што се чини дека ги вознемирува сите е што грчката влада е решена да стави крај на политиката на штедење, а прашањето за развој да го стави високо на европската агенда. Со нетрпение чекаме да ја видиме статијата што „Фајненшл тајмс“ ќе ја објави на 25 април – изјави висок претставник на грчката влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Роналдињо има само 6 eвра на сметка
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!