| четврток, 6 декември 2018 |

Најбројните баратели на азил во Германија доаѓаат од Косово

азил

Граѓаните на Косово во март поднеле убедливо најмногу барања за азил во Германија, вкупно 11.729, покажуваат актуелните податоци на германската Служба за миграција и бегалци, според кои од почетокот на годината се бележи тренд на раст на бројот на косовските азиланти.

Во јануари оваа година граѓаните на Косово поднеле вкупно 3.630 барања, во февруари 7.728, а во март 11.729 барања.

Во март оваа година зад граѓаните на Косово, на второ место се граѓаните на Сирија, со вкупно 4.620 барања, на трето е Албанија со 3.020 барања, а на четврто место Србија со 2.833 барања.

Кога станува збор за вкупниот број поднесени барања за азил од јануари до март оваа година, статистиката вели дека на прво место повторно се граѓаните на Косово со вкупно 23.137 барања, потоа следат граѓаните на Сирија со 15.444 барања и на трето место е Србија со 9.074 барања.

Доколку овие податоци се споредат со истиот период лани, се забалежува голем раст на барањата за азил, посебно од Косово, каде што во периодот јануари – март 2014 година биле поднесени вкупно 1.394 барања, од Сирија 5.527, а од Србија 5.289 барања.

Статистиката покажува дека во март оваа година до Сојузната служба за миграција и бегалци вкупно се поднесени 32.054 барања за азил, што е дури за 184,2 отсто повеќе отколку истиот месец минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top