Ања Алтхаус и Катарина Булатовиќ се единствените ракометарки што во Будимпешта ќе патуваат со повеќе од една титула во Лигата на шапионите.
За пикерот на Вардар, Алтхаус, ова ќе биде можност за трета европска круна, откако претходно се радуваше на вредниот трофеј во Лигата на шампионите со Виборг во 2009 и 2010 година.
Булатовиќ има три европски титули со три различни екипи. Во 2007 година беше на европскиот врв со Шлагелсе, 5 години подоцна славеше со Будуќност, а лани се радуваше со соиграчите од Ѓер.
Кај Вардар радоста со освојувањето на вредната европска круна ја почуствуваа и Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ, како ракометарки на Ѓер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.