| четврток, 6 декември 2018 |

Во Виена во 11.30 часот се крои судбината на вардарки, посакуван противник е Динамо

Денеска во 11.30 часот во Виена ќе се одржи ждрепката на која ќе се одредат полуфиналните двојки во женската ракометна Лига на шампиони, а вардарки го посакуваат Динамо за противник. Со рускиот тим Вардар играше во фазата по групи и забележи победа и пораз.

Другите две екипи, Ларвик и Будуќност, имаат многу повисок рејтинг од тимот од Волгоград, а интересно е што на завршниот турнир во Будимпешта доаѓаат без пораз. Норвежанките направија импресивна низа и ги победија сите ривали, а и Будуќност е без пораз сезонава.

Црногорките, заедно со Вардар, се единствените што по вторпат ќе играат на завршниот турнир по новиот формат, кој почна лани, а играа меѓусебе на првото издание на завршниот турнир во полуфиналето. Будуќност победи со 22-20 по продолжение, а потоа во финалето загуби од Ѓер.

vardar-gerg-18

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top