По долгогодишна соработка, Владимир Крстевски- Франц и Никола Перевски-Пере решија да го прекинат заедничкото појавување во истиот состав, дознава „Хитпортал“ од блиски извори на „Нокаут“.
Засега причините за напуштањето на групата на Франц не се познати.
Неодамна на „Фејсбук“ тој напиша дека продолжува со својата музичка кариера како кантавтор, а наскоро на својата публика ќе ѝ понуди нова песна и видеоспот.
„Нокаут“ го обајви последниот албум „Три“ во јуни минатата година, а во декември, пак, имаше два последователни концерти во Универзалната сала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.