Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната од 14 до 20 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Потоа во наредните три дена ќе преовладува стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.