Најновата анкета за популарноста на политичките партии пред изборите во Велика Британија нарачана од страна на левичарската опозиција објавена во весникот „Гардијан“ покажува изненадувачки добар резултат за владејачките конзервативци.
Според заедничката анкета, ториевците ја зголемиле популарноста за 6 поени и со 39 процентна поддршка се во предност пред лабуристите, кои губат 2 поени или уживаат доверба кај 33 проценти од гласачкото тело. Либерал-демократите од владејачката коалиција ги задржуваат своите 8 проценти, а Антиевропските Партија на независноста УКИП ја губи популарноста со 2 поени до 7 проценти– колку што има и партијата на Зелените, која пак додаде 3 поени.
Повеќето анкети покажуваат речиси еднакви резултати меѓу конзервативците и лабуристите за парламентарните избори на 7 мај. Истражувањето направено на 10-12 април, на ист број на анкетирани лица укажува на тоа дека двете големи партии имаат по 33 проценти со тенденција конзервативците да го подобруваат резултат.
Податоците од анкетата покажуваат дека владејачката десница е во најдобра позиција од март 2012 година и дава ветувачки резултати за стратегијата пред изборите да се фокусира на две теми – лидерски вештини и пристапот за развој на економијата.
Социолозите велат дека резултатот им е во рамките на стандардните плус- минус 3 процентни поени грешка, но и дозволен профил на испитаниците да даде лесен надмоќ на симпатизер на десницата.
„Гардијан“ ги објави податоците од сите агенции и проценува дека ториевците и лабуристите да се израмнети на 33,7 проценти за конзервативците и 33,6 проценти за лабуристите. Либерал-демократите со постојаните леви пораки собираат во просек 8,2 проценти, УКИП е со тенденција да ја загуби поддршката и е на 13,3 проценти, додека Зелените би требало да добијат 5,3 проценти на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.