Вардарки ќе играат на фајналфор турнирот во Будимпешта, а славјето е зачинето и со индивидуалните признанија за Пенезиќ, Лејно и Сокач.
Андреа Пенезиќ се најде меѓу трите најголеми ѕвезди на колото во Лигата на шампионите. Хрватската интернационалка со 8 погодоци беше меѓу најзаслужните за ремито против Ѓер, 27-27, што го потврди учеството на ЖРК Вардар во Будимпешта.
Со Пенезиќ, за ѕвезди на ова коло од Лигата на шампионите избрани се Сана Солберг од Ларвик и Олга Акопјан од Динамо Волгоград.
Амандин Лејно ја имаше петтата најдобра интервенција во реванш мечевите од четвртфиналето во ЛШ. Одбраната на Лејно можете да ја погледнете овде.
Маја Сокач се најде на третото место на топ-листата од најдобри погодоци викендов, а интересно е што на топ-5 се најде со прецизно изведениот пенал во Ѓер.
Голот на Сокач и останати четири најдобри погодоци во реванш мечевите од четвртфиналето во ЛШ можете да ги погледнете овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)