Унгарскиот вицешампион Сегед е единствената екипа што го искористи домашниот терен во првите четвртфинални дуели и со предност ќе патува на реваншот во Германија против Кил.
Сегед славеше со 31-29 и на некој начин ја спаси честа на домашните екипи, бидејќи ниту еден од останатите три состави, вклучувајќи го и македонскиот првак Вардар не успеа да победи дома. „Црвено-црните“ загубија од Кјелце со 20-22, пораз претрпе и Загреб од Барселона со 23-25, а за нерешено со многу мака се избори Пари Сен Жермен во Париз против Веспрем.
Очигледно е дека во реваншите предност ќе имаат фаворитите Барселона, Кјелце, Веспрем и Кил (иако загуби), екипи што беа подобропласирани во фазата по групи од своите ривали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



