Хилари Клинтон ќе се кандидира за претседател на САД, потврди Џон Подеста, најверојатно шефот на кампањата на актуелната државна секретарка.
– Сакав тоа да го слушнете најпрво од мене – и официјално Хилари се кандидира за претседател – напиша Подеста во мејл кој им го испратил на симпатизерите и потенцијалните финансиери на кампањата.
На Јутјуб е објавено во кое Клинтон и сама ја најавува својата кандидатура. За некој ден се очекува и стартот на кампањата.
Американските претседателски избори ќе се одржат во 2016 година, но Клинтон мора прво да ја добие поддршката од Демократите на внатрешни избори.
Никој освен нејзе сè уште нема најавено дека ќе бара номинација од Демократската партија и затоа се очекува дека таа ќе се избори за својата кандидатура без поголеми проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)