| четврток, 6 декември 2018 |

Штајнмајер ја очекува „следната фаза“ во Украина

Франк-Вальтер-ШтайнмайерОчекуваме од Москва и Киев да преминат на наредна фаза за спроведување на договорот од Минск, порачува шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмајер. Таа следна фаза подразбира подготвување на локални избори во областите кои заседнаа сепаратистите, како и пристап на хуманитарците и обнова на разрушената Источна Украина.

Состојбата во Украина и договорот од Минск ќе бидат на дневен ред на дипломатскиот состанок во Берлин утре. Шефовите на дипломатиите на УКраина, Русија, Германија и Франција ќе се состанат утре навечер во Берлин за да го разгледаат спроведувањето на мировниот договор постигнат во фебруари годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top