Во близина на западното крило на седиштето на американскиот Конгрес во Вашингтон вчера се слушнале истрели од огнено оружје, а полицијата го „неутрализира” осомничениот, објави агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на полициската единица задолжена за обезбедување на зградата.
Некои медиуми, изјавија дека човекот се самоубил и оставил торба која ја истражува антидиверзантската единица.
– Зградата е затворена поради можни закани за безбедноста. Никој не може да влезе или да излезе – рече портпаролката на Капитол полиција Кимберли Шнајдер.
Инцидентот се случи во време кога нема седница, па затоа има малку пратеници.
Телевизија „Еј-би-си њуз” објави дека пукањето се случи во близина на западното крило на зградата, но исто така, наведе дека се испитува сомнителниот пакет во близина на зградата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.