| четврток, 6 декември 2018 |

Половина час рововска битка, Вардар – Кјелце 11-11

Тешка рововска битка се води во Скопје на првиот ракометен меч од четвртфиналето од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Кјелце, а двете екипи без предност заминаа на пауза по 30 минути игра. Резултатот е 11-11, што не ветува добра залиха за македонскиот претставник, а ко нешто не се смени во продолжението.

vardar-wisla-11

Кјелце се покажа како тврд орев, иако Вардар носен на крилјата на седумилјадната публика постојано притискаше. „Црвено-црните“ водеа најмногу со два гола разлика, но во финишот на првиот дел гостите од Полска го имаа последниот напад за да заминат на пауза со предност.

Горбок и Карачиќ со по 3 погодоци се најефикасни во таборот на домаќинот, додека кај гостите идентичен учинок имаат Јурецки и Ткачик. Арпад Штербик нанижа 5 одбрани што и дава сигурност на вардаровата одбрана.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top