| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар плива во мирни води, Ѓер има предност од 13-12 по првиот дел

Вардар плива во мирни води во Унгарија на реванш мечот со Ѓер и е на добар пат да се пласира по вторпат на завршниот турнир за титулата во Лигата на шампионите во ракомет.

По првиот дел Ѓер води со 13-12, но остануваат големи скопските плус 6 за македонскиот првак, по победата на домашен терен од 24-18. Со оглед на бројот на погодоци по првиот дел во реваншот во „Ауди арена“ во Ѓер, Вардар практично има 7 гола предност. Во европските мечеви важи правилото при израмнет вкупен скор, да се бројат головите на гости. Ѓер во Скопје постигна 18, граница што вардарки сигурно ќе ја минат денеска, па им останува да не загубат со 7 или повеќе погодоци.

Андреа Пенезиќ со 5 погодоци и Ина Суслина со 6 одбрани се први виолини во редовите на македонскиот првак по 30 минути игра. Не одеше се така мазно, бидејќи Ѓер со серија од 6-1 во средината на првиот дел стаса до плус 4 и резултат од 10-6. Но, во вистински момент вардарки се разиграа и намалија на само еден гол разлика по првиот дел.

Лошо за нашиот првак е што расположената Пенезиќ има две исклучувања, па не смее уште еднаш да оди надвор, бидејќи тоа би значело автоматско исклучување.

vardar-gerg-2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top