Египетскиот суд на смрт го осуди Мохамед Бади, лидерот на забранетото Муслиманско братство, и уште 13 лидери на организацијата, бидејќи поттикнувале хаос и насилство.
Еден државјанин на САД и Египет доби казна доживотен затвор поради своите врски со Муслимаското братство.
Осудените се наоѓаат во притвор заедно со илјадници други лица, откако првиот слободно избран египетски претседател Мохамед Мурси во 2013 година беше соборен со воен удар под водство на сегашниот рпетседател Абдел Фатих ал-Сиси.
Сиси смета дека Муслиманското братство е главна закана за египетската безбедност. Братството тврди дека се занима со мирен активизам и дека нема врска со исламистичкото насилство во Египет, кое не стивнува откако по масовните протести беше соборен Мурси.
Масовните судење на членови на Братствто и на лица поврзано со истото, како и цврстата рака кон исламистите наидоа на меѓународна осуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.