| четврток, 6 декември 2018 |

Еди Рама останува на ставот Албанија и Косово да се обединат

edi-rama

Албанскиот премиер Еди Рама и понатаму стои на изјвата дадена деновиве за приштинската телевиизја „Клан Косово“, која беше осудена од официјален Брисел, со која најави дека доколку Косово и Албанија не се интегрираат во ЕУ тие ќе се обединат, според традиционален начин.

Уште повеќе, пренесува весникот „Коха диторе“, тој на еден начин го игнорира реагирањето на ЕУ и САД во врска со оваа негова изјава.

Во петокот попладне на крајот од консултатвната седница на парламентарната група на Социјалистичката партија, во врска со кандидатите за престојните локлани избори, закажани за 21 јуни, Рама, пред новинарите изјавил дека воопшто не се чувствувал вознемирено по реакцијата на Брисел и Вашингтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top