Настапот на познатиот балкански пејач Горан Бреговиќ на полскиот музички фестивал во Аушвиц е откажан поради неговиот неодамнешен концерт на украинскиот полуостров Крим, каде наводно ја величал Русија, а не ја осудил илегалната окупација на областа, соопштија организаторите.
Познатата рок-манифестација „Лајф Фестивал Аушвиц3 од 2010, секоја година се одржува во овој јужен полски град каде во минатото се наоѓаше нацистичкиот концентрационен логор.
На веб-страницата на организаторите се вели дека фестивалот е „против војната и сите форми на насилство, расизам и кршењето на човековите права”.
Во овој контекст, ја осудуваат изјавата на Бреговиќ при посетата на Севастопол, која била ,,спротивна на вредностите до кои се придржуваат основачите на фестивалот”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.