| четврток, 6 декември 2018 |

Непродадената храна маркетите во Франција ќе ја даваат на хуманитарни организации

supermarket

Францускиот Сенат одлучи супермаркетите да донираат непродадена храна на хуманитарни асоцијации, јавија француски медиуми.

Одлуката на сенаторите овозможува супермаркетите со површина над илјада квадратни метри да организираат собирање на непродадена, но погодна за употреба храна и давање на различни асоцијации за помош во храна.

За да влезе во сила, текстот треба да биде изгласан и во Националното собрание.

– Секој ден супермаркетите фрлаат меѓу 20 и 40 килограми храна додека во Франција има луѓе кои не може да се прехранат поради недостиг од пари – изјави сенаторката Натали Гуле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top