Полицијата на Боливија уапсила во Санта Круз старица од 86 години која имала 354 грама марихуана, соопшти министерството за внатрешни работи на таа земја.
– Пронајдовме 109 кеси марихуана кај старица чиј идентитет не е соопштен – изјави обвинителот Виктор Хуго Хустиниано.
Според неговите зборови, бабата е уапсена додека продавала марихуана. Провинците Санта Круз, која се граничи со Парагвај и Бразил е позната по шверц на марихуана и кокаин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.