Перо Антиќ изјави дека тој и колегата од Атланта Хокс Табо Сефолоша не биле со играчот на Индијана Пејсерс, Крис Коупленд, кога тој бил прободен со нож пред еден ноќен клуб во Менхетен. Антиќ и Сефолоша беа на местото во средата наутро и беа обвинети за попречување на полицијата и лошо однесување, за што беа ослободени без кауција.
Во петокот, Антиќ, за прв пат говорејќи околу приведувањето, изјави дека тој и Сефолоша не биле дел од група Коупленд.
– Ние немаме никаква врска со она што се случи. Ние не бевме заедно. Дури и не го видовме човекот и што и да се случило, се случило многу порано- вели Антиќ. Коупленд , неговата девојка и уште една жена биле избоден со нож, а 22-годишник кој е осомничен е во притвор.
Антиќ изјави дека тој и Сефолоша не се обидувале да ги оттргнат полицајците или минувачите од Коупленд.
-Јас би рекол дека тоа е чист пример за „да се биде во погрешно место во погрешно време. Мислам, луѓето го знаат Табо толку години во лигата. Тој е веројатно еден од најголемите момци. Новинарите, кои се тука ме знаат… Ова е само чист пример за тоа да се биде во погрешно место во погрешно време- вели Антиќ за медиумите.
Националната кошаркарска асоцијација ги испитува приведувањата.
– Унијата на играчи е загрижена заради околностите со приведувањето на Табо Сефолоша и Перо Антоиќ и спроведува своја истрага. Унија даде целосна поддршка на сите тројца играчи во судот и ќе продолжи да остане ангажирана со развојот на настаните- рече портпаролот на Асоцијацијата (NBPA) Тара Греко во петокот.
Адвокат на Антиќ и Сефолоша, Алекс Спиро, рече дека тие не сториле кривично дело и дека очекува обвиненијата да бидат одбиени.
-Единственото нешто што можам да кажам е дека се чувствуваме лошо заради лошиот публицитет што го создадовме за организацијата Хокс, за семејството Хокс, а не по наша вина- рече Антиќ.
Сефолоша се здобил со фрактура на десната нога и има оштетен лигамент. Тој ќе го пропушти остатокот од регуларниот дел од сезоната, како и плејофот. Загубата на Сефолоша, резерва во нападот и силна одбрана, доаѓа откако Хоукс веќе „го изгубија“ стартниот Пол Милсап кој има проблеми со рамото. Сепак, се очекува тој да се врати за плејофот.
Тренерот Мајк Баденхолзер вели дека не е загрижен за тоа како ќе делуваат приведувањата во тимот.
-Тоа што ни е од најголема помош е тимот што го имаме во соблекувалната. Тоа е веќе зрела група. Тие имаат голема меѓусебна доверба и верба во она што го прават. Има еден вистински фокус на она што можеме да го направиме како тим.- додава тренерот.
Антиќ се извини на своите соиграчи.
-Да, знаете, тие ни даваат поддршка. Им се извинуваме што не можевме да им помогне во играта во Бруклин. Тие победаиј. Им честитаме. Ние ја имаме целосната поддршка од тимот. Тоа е најважно за нас- вели Антиќ за американските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.