21 годишниот Алтрим Касами од тетовското село Порој е момчето кое вечерва беше убино во престрелката во кафе барот Бар Код во Тетово, објави Press24. Тој бил донесен со две прострелни рани во Клиничката болница Систина. Лекарите не можеле да направат ништо бидејќи момчето кога пристигнало во болницата веќе било мртво. Уште две лица имаат посериозни повреди и се згрижени во Ургентниот центар во Скопје.
Останатите две лица имаат полесни повреди и се згрижени во Медицинскиот центар во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.