| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Експлодирал проектил во близина на зградата на Владата, екипите за антитероризам на терен

Силна детонација вечерва околу 21 часот се слушнала пред зградата на Владата. Екипи на антитероризам веднаш излегле на терен. Од извршениот увид пронајдено е местото каде што експлодирала се уште непознатата експлозивна направа. Станува збор за тревната површина во делот кон реката Вардар на страната кон споменикот 13 ноември на оддалеченост од 5 до 10 метри од зградата

Од МВР и официјално потврдуваат дека е пријавен ваков случај. Од таму велат дека екипите се на терен и дека се подигнуваат остатоци за вештачење. Според официјалните информации нема повредени и не е предизвикана никаква материјална штета.boba vo vlada 3 (Custom) boba vo vlada (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top