| четврток, 6 декември 2018 |

Шверцувал луѓе во Косово за да бараат азил во Германија

лажни азиланти

Четириесет и двегодишен кочанец е осомничен дека за 200 евра пренесувал луѓе преку граница во Косово, а потоа ги носел за Германија од каде што барале азил.

МВР соопшти дека Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава за Ш.А.(42) од Кочани за кривично дело злоупотреба на безвизен режим со државите-членки на Европската унија и шенгенскиот договор.

Во текот на септември 2012 година, пријавениот за износ од 200 евра по лице, двапати со патничко возило организирал засолнување македонски државјани во погранично село во липковскиот регион и во Косово, а откако истите илегално ги преминувале границите на Македонија преку граничните премини „Блаце“ и „Табановце“, пријавениот ги чекал со возилото по што преку Косово-Србија- Унгарија ги транспортирал до Германија, со намера да побараат азил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top