| четврток, 6 декември 2018 |

Иван Чупиќ: Мене лично ми одговара вжештена атмосфера

Еден од најопасните играчи на Кјелце, хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ не стравува од атмосферата во Скопје и порачува дека неговата екипа е научена да игра на вжештена атмосфера создадена од фановите на противничките екипи.
Целта на неговиот тим е да се покаже во добро светло во Скопје во СЦ „Јане Сандански“.
Тој потсетува дека веќе гостувале во Скопје и ја осетиле атмосферата, но против тимот на Металург кого пред две години на двапати го победија во СЦ „Борис Трајковски“.
Сепак смета дека Вардар е одличен состав кој игра брз ракомет и кој мора да се спречи во транзицијата.

– ично, секогаш играм добро кога атмосферата е вжештена. Секој сака да игра значајни натпревари во полни сали, пред трибини преполни со фанатични навивачи. Максимално го почитуваме Вардар, знаеме дека за да одиме понатаму ќе треба да ги одиграме двете најдобри мечеви оваа сезона. Особено треба да внимаваме на нивната фантастична транзиција, бидејќи за три-четири секунди сите ракометари на Вардар веќе се преселени на противничката половина и создаваат позиција за гол. Тоа е нешто на што ќе обрнеме посебно внимание на мечот во Скопје. Многу работи во играта на „вардарци“ зависат од мојот репрезентативен колега Карачиќ, кој е модерен среден бек кој е подеднакво опасен и кога реализира и кога асистира – изјави Чупиќ.

За потсетување, натреварот во рамките од четвртфиналето од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Кјелце се игра в сабота со почеток од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top