| четврток, 6 декември 2018 |

Еди Марфи ја доби наградата „Марк Твен за хумор“

Eddie Murphy

Американскиот глумец Еди Марфи оваа година е добитник на наградата „Марк Твен за американски хумор“, која ја доделува Центарот „Џон Кенеди“ за сценска уметност.
Педесет и четири годишниот комичар ова признание, со кое се наградуваат поединци за влијание во општеството преку шеговити коментари за општествени појави и сатира во духот на Марк Твен, ќе му биде врачено на 18 октомври во Вашингтон.
Марфи го привлече вниманието на јавноста во 1980 година кога и се придружи на екипата од ТВ емисијата „Saturday Night Live“. Набрзо тој стана еден од најбараните актери во Холивуд.
Центарот „Џон Кенеди“ за сценска уметност соопшти дека Марфи е комерцијално најуспешниот црномурест глумец во историјата на кинематографијата.
Меѓу претходните добитници на наградата „Марк Твен“, која е воведена од 1998 година, се Ричард Прајор, Стив Мартин, Вупи Голдберг, Били Кристал, Џеј Лино и Елен Деџенерис

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top