САД и Куба, кои ги обновуваат односите по долги години непријателство и студена војна, постигнаа напредок во историските разговори меѓу двете земји, изјави претставник на Стејт департментот.
Станува збор за вчерашните разговори меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригес, кои присуствуваат на дводневниот регионален Самит, кој се одржува во Панама.
Тоа се први разговори на претставници од овие две држави на министерско ниво од 1958 година.
Претседателите на САД и Куба, Барак Обама и Раул Кастро, исто така, присуствуваат на Самитот.
– Стејт департментот вчера предложи Куба да биде отстранета од американската листа на држави кои поддржуваат тероризам- изјави еден од лидерите на Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД, демократскиот сенатор Бен Кардин.
Претходно претседателот Обама потврди дека предлогот е подготвен, без да открие повеќе детали за што станува збор пред да замине на Самитот на Организацијата на американските држави во Панама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.