| четврток, 6 декември 2018 |

Ељиф Елмас на радарот на „милионерите“ од Дортмунд!

Заедно со екипите на Манчестер Сити, Бенфика, Трабзонспор и Клуб Бриж, сега и тимот на Борусија Дортмунд се интересира за екстра-талентот од Македонија, Ељиф Елмас.

17-годишникот, кој дебитираше за националната репрезентација против Шпанија и покажа зошто е иднината на македонскиот фудбал, го напушти Работнички на крајот од оваа сезона и моментално е без клуб. Интересот од европските гиганти само ја зголемува неговата цена на трансфер пазарот, а неговиот став околу иднината сè уште е непознат.

Своето деби за Работнички, Елмас го имаше неколку дена, откако наполни 16 години, а минатата сезона одигра 33 натпревари и двапати играше во Лигата на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top