| четврток, 6 декември 2018 |

Марин Ле Пен најави дисциплинска постапка против нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен

марин

Лидерот на францускиот Национален фронт, Марин Ле Пен изјави дека нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен ќе се појави пред партиската дисциплинска комисија поради контроверзните коментари за Холокаустот, како и дека треба да размисли за напуштање на политиката.
Драматичниот конфликт пред два дена стана јавен кога Марин Ле Пен го обвини својот татко дека извршил „политичко самоубиство“ кога изјавил дека нацистичките гасни комори се „историски детал“ и повикал на блиски односи со Русија за да се заштити „белиот свет“.
Марин Ле Пен, исто така, го повика 86-годишниот Жан-Мари да ја „потврди својата мудрост, да извлече поуки од проблемите кои самиот ги направил и можеби да се откаже од своите политички одговорности“.
Таа нагласи дека на состанокот на партијата на 17 април ќе се спротивстави на учеството на нејзиниот татко на регионалните избори во декември, најавувајќи голем партиски и семеен раскол.
Жан-Мари Ле Пен, кој е основач на Националниот фронт, минатата недела го повтори своето уверување дека гасните комори се „само детал“ на Втората светска војна, што повеќе пати го изјавувал во текот на речиси три децении, поради што е осудуван за говор на омраза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top