Словенечкото собрание реши министерот за одбрана, Јанко Вебер, да се врати во собраниските клупи. Него, до избор на нов министер, ќе го менува министерот за земјоделство Дејан Жидан, кој најави дека утре раководството на коалициските социјалдемократи ќе ја соопштат одлуката да останат во власта.
Со тоа заврши вонредната седница по скандалот во Словенија, откако премиерот Миро Церар побара министерот за одбрана да си замине од функцијата бидејќи незаконски и тајно го насочилвоеното разузнавање да работи против продажбата на словенечкиот државен Телеком.
Дел од седницата се одвиваше зад затворени врати заради изнесување на документи кои подлежат на доверливост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.