| четврток, 6 декември 2018 |

Математиката ги развива интелектуалните способности

nevrologgg

Математиката од научен аспект влијае на развој на голем број на мозочни функции. Има многу студии кои укажуваат на моментот дека поекцесивното користење на математиката како наука на решавање на математички, аритметички, нумерички, геометриски проблеми, влијае не само на развој на брзината на нивното решавање, туку и општо на повеќе функции, истакнува Игор Кузмановски, специјалист невролог.

-Математиката влијае и на секојдневното живеење. Во смисол-полесно се донесуваат одлуки, поголема самокритичност, поголемо влијание, па дури има и влијание во уметноста и природата. Се поврзува математиката како концепт, како наука и со уметноста и со природата. Има една интересна студија од Стендфорд од Манон кој следи школски и претшколски деца со поекцесивно користење на математиката како наука и концепт и ги следи со техники кои претставуваат колку нивниот префонтален кортекс во волумен се зголемува или не се зголемува. Ги следи преку невропсихолошките текстови каде гледа колку нивните интелектуални способности се поголеми или помали. Докажано е дека децата кои секој поекцесивно користат математика, влијае на нивното целокупно живеење и решавање не само на математичките проблеми, туку и во целокупното живеење- вели доктор Кузмановски.

Тој вели дека рационалноста го прави човекот, а математиката е врв на рационалноста.

-Математиката во тој контекст е врв на интелектуалните способности кај човекот.  Без изучување на математика неспојливо е живеењето во овој век. Секако дека математиката помага за развој на интелектуалните капацитети, но не е само изучуваме математика-решаваме задачи. Изучување на математика значи и подобрување на другите интелектуални аспекти, рече тој.

Специјалист невролог Кузмановски вели дека тој работи со пациенти кои имаат деменција и потешкотии со меморија кои не ги лекува само со таблети. Потребно е да се решаваат задачи или крстозбор за да се развива мозокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top