Речиси цели 100 години, Поенкареовата хипотеза остана нерешлив проблем во математиката – најголемите умови на Земјата се сопнуваа на неа. Поенкареова хипотеза е проблем кој опфаќа геометрија на милтидимензионален простор и помогна да се објасни ликот на нашиот универзум.
Затоа, кога Григориј Перелман, руски математички гениј, ја реши во 2002 година, луѓето беа шокирани. Но, причината што ги остави луѓето толку многу збунети не е само фактот дека конечно ја реши равенката.
По решавањето на Поенареовата хипотеза, Перелман избега од признанијата и од богатството кое доаѓаше со нејзиното решавање. Без оглед на неговата желба мирно да живее, математичарите му ја доделија наградата во 2006 година и тоа најголемата во областа на математиката, „Филдсов медал“. Секако, тој ја одбил наградата и е единствената личност која сторила такво нешто уште од настанокот на наградата во 1924 година. Тој, исто така, одбил да предава на „Беркли“ и на „Принстон“.
Тоа беше во времето кога Григориј целосно се откажал од математиката и се вратил да живее кај неговата мајка, живејќи од нејзината пензија. Иако неколку години успеа да остане далеку од очите на јавноста, светот никогаш не го заборави човекот што го реши овој нерешлив проблем во математиката.
Можете ли да погодите што сторил тогаш Григориј? Повторно ги одбил парите, изјавувајќи:„Јас знам како се контролира Универзумот. Зошто би трчал да земам некои милион долари, кажете ми?“
Некои веруваат дека полудел за време на процесот на решавање, додека другите мислат дека причината поради која ненадејно се повлекол од математиката има врска со неговата фрустрација кон академската заедница.
Неговата последна позната локација е некаде во Шведска, каде што наводно се преселил со својата мајка и со својата полусестра во 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.