Станислас Вавринка постапи во духот на голем спортист на мечот против Адријан Манарино, во момент кога имаше чист поен, а побара да се преигра поради грешка на судијата. Противникот стаса тешка топка и ја префрли во полето на Вавринка, а Швајцарецот рутински пласира во празното поле и освои поен.
Но, судијата погрешно процени дека Манарино не успеал навреме да го удри топчето со рекетот, па Вавринка побара на своја штета поенот да се преигра. Потег на вистински спортист и џентлмен што заслужува комплимент.
Погледнете ја целата ситуација и реакцијата на Вавринка, тенисер што потоа беше поразен од Манарино, но постапи правилно при спорниот момент на турнирот во Мајами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)