Како градежен инженер Скопје 2014 го оценувам спектакуларно и стојам на тоа дека на генерациите што доаѓаат за десет или дваесет години ќе се чудат како во моментите кога е создаван и граден сме имале опструкции од некоја страна, од опозициските политички партии,и која била причината.
Со зафатите од левата страна на река Вардар од плоштадот Македонија, преку Камениот мост, со плоштадот Карпошово востание, со градбите како Театарот, Музејот на македонската борба, Музејот на Холокаустот, Археолошки музеј, Уствен суд, Обвинителство, Министерство за Надворешни работи и двата пешачки моста, сето тоа се градби како од бајките, особено во вечерните часови кога се осветлени. Постоеше и слободен простор, постоеше и желба и капацитет на Владата за да се искористат тие површини и да ги претворат во прекрасни градби, вели Тодоровиќ за „Република“.
Со двата моста што ги направи општина Центар создадовме уште поголема поврзаност меѓу двете страни на реката Вардар, така што граѓаните реката нема да ја чувствуваат. Реката Вардар наместо граница станува централно обележје во центарот на градот, во таканаречениот Мал Ринг.
Во однос на критиките, тие постоеле и во други градови каде се воведувале поинакви стилови на градба. На пример, за стаклената пирамидата пред Лувр во Парис, или за новиот објект на градското собрание на Лондон. Секогаш е така, ние имавме современи, но немавме традиционални градби, а треба да го имаме и традиционалното.
-Еден архитект од Белград лично ми рече дека Скопје со новите градби делува моќно, а дека коментарите се многу поневажни од тоа како изгледаат градбите. Тој проект ќе продолжи да се гради. Поголем дел од јавноста го одобрува проектот Скопје 2014 .Партиите од опозицијата прават театри по улиците негирајќи го постигнатото, но најмногу заради тоа што ништо не изградиле кога можеле и кога биле на власт, додава Тодоровиќ.
На прашање што би очекувал да му биде најтешко во вториот мандат, вели:
-Ако Советничката листа на ВМРО ДПМНЕ не ги освои советничките места. Иако е тоа спротивно на доброто на граѓаните, кога градоначалникот и составот на советот се од различна политичка опција, Советот се однесува далеку од рационалното, го кочи и не дозволува градоначалникот да ја исполни програмата, не му го одобрува буџетот. Советот може да ја закочи работата и градоначалникот да не може да посади ни едно дрво се со цел да го прикаже како неспособен, вели кандидатот за втор мандат за градоначалник на општина Центар од ВМРО- ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.