| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца убиени при напад на талибанците врз суд во Авганистан

напад

Две лица загинаа, а најмалку 31 се ранети денеска кога група талибанци нападнале судски комплекс во северниот авганистански град Мазар и Шариф.

Според полициски извори, напаѓачите, кои биле облечени во униформи на авганистанската армија, упаднале во комплексот и почнале да пукаат од огнено оружје и да фрлаат бомби. При нападот е опожарена и една зграда од комплексот на судот.

Болнички извори соопштија дека неколкумина од ранетите при нападот се наоѓаат во критична состојба.

Западните медиуми наведуваат дека нападот доаѓа во пресрет на очекуваната пролетна офанзива на талибанците, во која авганистанските сили годинава првпат ќе се борат сами против бунтовниците без целосна поддршка на војниците на НАТО.

Насилството во Авганистан бележи пораст откако минатата година од земјата се повлекоа поголем дел од војниците на меѓународните сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top