Пратеникот Антонио Милошоски на вчерашната трибина во Виница порача дека за разлика од другите кои се занимаваат со деструктивна политика, ВМРО-ДПМНЕ и на општинско и на државно ниво се занимава со завршување проекти и потенцираше дека токму тоа ги разликува од другите и така ќе продолжат да работат и во следните години.
Според Милошоски, политичката ситуација во која е доведена Македонија поради, како што рече, поради неисполнети желби и фрустрации на еден двајца или повеќе луѓе од раководството на СДСМ , кои неможејќи на избори да ја добијат довербата на народот од 2006 година па наваму, се одлучиле да прибегнат кон еден за нив испробан метод од јануари 2001 година.
-Со нелегални средства , со прислушкување, со креирани материјали, во соработка со домашни и странски агентури се обидуваат да направат упад во системот и со тоа да направат дестабилизација на институциите и да направат пресврт за да се исполни нивната желба којашто не се исполнила на ниедни избори. За жал на таков начин нанесуваат само штета на Р.Македонија, ништо повеќе од тоа нема да постигнат. Постигнуваат само одредени држави од меѓународната заедница или од нашето соседство коишто и претходно имале некои изговори или причини да не блокираат, а сега само она што го прават СДСМ, тие го користат како дополнителна причина за Македонија да биде блокирана во некои процеси со коишто се обидуваме да ја придвижиме земјата еден чекор напред – истакна Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.